Политичко самоубиство?

0
3055

Еве, да ви предложам една непријатна теза: БАШ ТАКА, пред 15 години, беше ликвидиран Зоран Ѓинѓиќ во Белград.

Тој со судни маки и по цена на голем личен ризик – како и Заев во Македонија – собори од власт еден грд, злосторнички режим, седна на власт со големи амбиции и очекувања во јавноста, но не расчисти со политичките и криминалните екстензии и експозитури на паднатата власт, туку влезе во разни „домунѓавања“ со нив, за да одржи политичка стабилност и да добие што поширока поддршка за реформите; неговите противници, пак, кога сфатија дека најлошото го преживеале без влакно да им фали од главата, се повратија од шокот заради загубената власт, се прегрупираа, веднаш ги реставрираа бизнисите со разно-разни претставници на новата власт на Ѓинѓиќ, наново се окуражија (а пари, патем, имаа во неограничени количества!) и, во суштина, продолжија да го прават она што најдобро го знаеја: криминали, политички ујдурми, валкани медиумски пропаганди, увози-извози, рекети, закани, елиминации, дискредитации… До денот 12 март 2003 година, кога лично на Ѓинѓиќ му го свирнаа куршумот директно в срце!

Останатото во Србија е (знаеме каква) историја, а Демократската партија на Ѓинѓиќ речиси веќе и да не постои.

Јас мислам дека снајперот за Заев веќе е нарачан. Јас така би играл, да сум на нивно место. А потоа политичката „оставина“ на Заев ќе се распадне за една недела по неговата ликвидација, со комплетно нова историска интерпретација на „бомбите“, со елиминирање на сите поддржувачи на реформите и со редефинирање на нивните, фамилијарните, „вистински“ заслуги за Македонија. А СДСМ на Заев речиси веќе и да нема да постои.

Линк до целата колумна на Цивил ОВДЕ.