ГРУЕВСКИ СЕ ВКЛУЧИ ВО ЖИВО ВО ЕМИСИЈА НА ИНФОМАКС : МЕ ЗАТЕЧЕ ХАЈКАТА ОД МИЦКОСКИ, НЕ ЗНАМ ШТО МУ ТЕКНА ОВА?!

0
810

По повеќе од четири години екс премиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во моментов зборува во живо во емисија на порталот Инфомакс. Тој на почетокот рече дека сакал демантот да го испрати преку емисијата 360 степени, а разговарал и телефонски со новинарот Васко Попетревски, но тие немале технички можности за тоа да го реализираат. Груевски демантираше дека тој ги напишал измените на Кривичниот законик и дека потоа на УСБ му ги дал на Али Ахмети.

– Тоа се удбашки мотоди. Изненаден сум од тоа што го прават овие луѓе. Наместо да се фокусирани да ја соборат оваа Влада тие се занимаваат со мене. Оваа Влада беше зрела да падне уште во 2020 година – изјави Груевски.Тој демантира дека е „во игра“ со Зоран Заев и Димитар Ковачевски за промена на Уставот. Вели дека немал разговор со пратеници повеќе од една година.

Тој вели дека граѓаните се незадоволни од актуелните политичари и од власта и од опозицијата па затоа неговиот рејтинг кај народот се уште е сериозно висок иако тој од февруари 2019 година не се појавил во македонската јавност.Груевски вели дека е воздржан и покрај тоа што не се согласува со политиките кои ги води Мицкоски, тврди дека не сака да влегува во бескрајни дебати, затоа што има многу детали да сподели, со кои би ја запечатил политичката кариера и на Мицкоски и на Николоски.

– Откако ме нападнаа брутално се трудам да се воздржам да не направам штета, се трудам да се воздржам за глупостите што ги прават – рече тој.

Груевски на крајот од интервјуто се закани дека ако продолжи раководството на ВМРО-ДПМНЕ неоправдано да го обвинува тој ќе објави детали за кои раководството на партијата нема да сака да слушне. По завршувањето на вклучувањето на Никола Груевски, продолжи интервјуто на Инфомакс со градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска , која кажа дека не ја исклучува можноста да формира партија заедно со поранешниот премиер Никола Груевски.