МОРА ДА ОМЕКНЕ БУГАРИЈА ЗА НАШАТА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ: БУГАРСКИОТ МИНИСТЕР СТОЕВ ЈА ПОВТОРИ НЕПРОМЕНЕТАТА ПОЗИЦИЈА ПРЕД ЕВРОКОМЕСАРОТ ВАРХЕИ И ПОРТУГАЛСКИОТ МИНИСТЕР СИЛВА

0
650
“Нема промена во позицијата на Бугарија во однос на Република Северна Македонија” – изјави вршителот на должноста министер за надворешни работи Светлан Стоев, кој денес се состана со министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантос Силва и еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеи.
Бугарија продолжува да биде доследна во поддршката за европската интеграција на земјите од Западен Балкан, истовремено почитувајќи го критериумот за индивидуалните достигнувања на секоја земја и почитувајќи ги основните вредности на заедницата како добрососедство.
“Ние сме подготвени за одговорен, отворен и полноправен дијалог со Република Северна Македонија. Очекуваме нашите најблиски соседи во регионот да работат во духот на искреност и конструктивност. Сакам да истакнам дека на оваа тема има целосен континуитет и не може да се очекува промена во националната позиција на Бугарија” – рече министерот Стоев.
Тој изрази подготвеност да се сретне со македонскиот колега Бујар Османи за да разговара за иницијативите што можат да бидат преземени од привремениот кабинет.