ПОРАДИ ПОДОБРА ЕПИДЕМИОЛОШКА СОСТОЈБА, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ОДЛУЧИ: СЕ ЗАТВОРААТ СИТЕ КОВИД ЦЕНТРИ НА ИНТЕРНИТЕ КЛИНИКИ И ВО КОМПЛЕКСОТ МАЈКА ТЕРЕЗА

0
765

“Поради намалениот број на пациенти, од денеска се затвораат сите ковид центри на Интерните клиники и во Комплексот Мајка Тереза, ковид позитивни пациенти ќе примаат само во Институтот за ТБЦ и Клиниката за инфективни болести” – соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани осум нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 142 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, како што соопшти Министерството, на Интерните клиники имало два приеми. Во ковид центарот во ГОБ “8-ми Септември” имало двајца примени пациенти и четворица биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.