МАРИЧИЌ : УБЕДЕН СУМ ДЕКА ПОСТОИ КОМУНИКАЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ СО СТРУКТУРИ ВО БУГАРИЈА ЗА БЛОКИРАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗЕМЈАВА

0
342

„Јас сум убеден дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници и луѓе кој што ќе и ја разбираат тежината на ситуацијата, разбираат дека ставањето на својата држава под заложништво, политичко заложништво наводството на ВМРО-ДПМНЕ ќе значи одвојување од Албанија на среден рок ако не на краток тогаш на среден рок, ставање на Северна Македонија во категорија со Косово и Босна и Херцеговина и дури можеби и на долг рок ставање под прашање на нашата реална можност за Европска интеграција“.Ова го вели вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за „360 степени“.

Тој додава дека можеби токму и тоа е планот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи има шпекулации дека намерно го прават ова за да отворат пат за други држави и да си отворат пат за себеси да јаваат на бранот на популизмот.„Јас сум убеден дека постои комуникација на ВМРО-ДПМНЕ со структури во Бугарија и со структури во другите држави од регионот а која е целта на таа комуникација нека објаснат самите“ рече Маричиќ.