(ВИДЕО) СДСМ Штип: Приватните фирми во Штип на удар на УЈП, но доаѓа време на промени!

0
1116

Сопствениците се жалат дека им се изречени големи казни. Како што велат, арач собира власта на ВМРО-ДПМНЕ како во турско, реагираат штипските социјалдемократи.

„Ваквата политика на ВМРО-ДПМНЕ негативно се одразува на нормалното работење на фирмите. За многу фирми големите казни претставуваат и сериозна закана за нивната егзистенција и егзистенцијата на вработените во овие фирми.

Малиот и средниот бизнис во Штип, едвај преживува.

Дури 98 проценти од стопанските субјекти во Македонија се мали и средни претпријатија. Во нив се вработени 70% од граѓаните и истите учествуваат со 60% во бруто домашниот производ.

По демократската промена на власта, притисоците и рекетирањето на фирмите ќе бидат минато.

Новата, одговорна Влада предводена од СДСМ, ќе воведе опомена пред казна, а казните ќе ги намали на половина.

При првично констатирање на прекршок, ќе се изрекуваат само писмени опомени, а преполовена казна ќе се изрекува само во случај на повторување на одредено прекршување на прописите.

Нема да дозволиме службите за инспекција да ја злоупотребуваат својата положба или да заплашуваат со казни. Казните никогаш нема да се користат како мерка за полнење на буџетот или политички пресметки.

Со промоција на оваа мерка им се обраќаме на сопствениците на приватните фирми и на граѓаните.

Промените доаѓаат, завршуваат вашите проблеми!“