ГРКОВСКА ЗА „КОШАРКАТА“ КАЈ ГРУБИ : ФУНКЦИОНЕРИТЕ ТРЕБА ДА ВНИМАВААТ КАКОВ ВПЕЧАТОК ОСТАВААТ

0
338

Тоа не беше добро прифатено од јавноста. Не сметам дека е начин на кој што функционерите треба да се однесуваат, вели вицепремиерката за борба против корупцијата, Славица Грковска за играњето фудбал и кошарка во министерскиот кабинет на Артан Груби во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Според неа, функционерите треба да бидат внимателни.
-Треба да се има повеќе сензибилитет за тоа како функционерите треба да се однесуваат и каков впечаток оставаат пред граѓаните, рече утрово Грковска.