Никола Димитров меѓу прилепчани

0
2549

Поранешниот амбасадор на Македонија во Вашингтон и во Амстердам, човекот чии заслуги за признавањето на Република Македонија од страна на САД се неспорни, Никола Димитров, вчера го посети Прилеп.

Покрај неформалните средби со граѓаните, Димитров го посети и Здружението на учесници во воените дејствија при одбрана на суверенитетот на РМ, ЗРВО 2001-2002.

img_5454

„Македонија, се разбира, не е само Скопје. Бев во Прилеп за да чујам. Да чујам кои се проблемите и каков е животот во градот. Да чујам како овој преродбенски град гледа на сегашната одродба. Да чујам дали Прилеп како востанички град е подготвен да застане на нозе и да каже доста беше на груевизмот. Разговарав со луѓе од Шарената револуција, разни политички партии, со неопределени и со здружението на бранителите“, изјави Димитров за ПУБЛИКУМ.

Во сабота, на страниците на ПУБЛИКУМ ќе имате можност да го прочитате интервјуто кое амбасадорот Димитров го даде за нашиот медиум.

img_5457img_5499

img_5480

Извор : Публикум