ГРАД СКОПЈЕ И ГОДИНАВА ЌЕ ДОДЕЛУВА СТИПЕНДИИ ЗА СПОРТИСТИ – СРЕДНОШКОЛЦИ

0
509

Град Скопје, денеска објави јавен повик со кој продолжува со поддршката за развој и унапредување на младинскиот и средноучилишниот спорт со стипендирање на спортисти – средношколци кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето на град Скопје.Со цел да се зголеми мотивираноста кај младите спортисти – средношколци да спортуваат, да продолжат и да останат понатаму во спортот, како и зголемување на опфатот на што повеќе ученици да се занимаваат со спорт и спортски активности, Градот Скопје ќе стипендира спортисти – средношколци кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето на град Скопје.

Врз основа на условите и критериумите утврдени со Правилникот за доделување стипендии на спортисти – средношколци ученици во средните училишта на подрачјето на град Скопје ќе се стипендираат спортисти, ученички и ученици од средните училишта на подрачјето на град Скопје.
Избраните стипендисти ќе добиваат секој од нив поединечно стипендија во вкупен нето износ од 24.000 (дваесет и четири илјади) денари со платен персонален данок на доход.

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на пополнета посебна пријава што може да се подигне во архивата на Градот Скопје (барака 16) или да се преземе од официјалната веб страница на Град Скопје www.skopje.gov.mk
Јавниот повик се објавува на 22.06.2023 година и трае до 03.07.2023 година.
Потребната документација, апликантите ја поднесуваат во затворен плик до Комисијата преку Архивата на Град Скопје, или преку пошта на адреса: Булевар „Илинден“ бр.82, 1000 Скопје, со назнака: „До Сектор за јавни дејности – Комисија за доделување стипендии на спортисти – средношколци на подрачјето на градот Скопје за 2023 година“.