ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ ФИНАНСИИ ЗА ПОДДРШКА НА РАБОТЕЊЕТО НА ЕСМ И МЕПСО И ЗА ПОДДРШКА НА СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИТЕ ГРУПИ

0
1133

Владата на денешната 118. редовна седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата, поради недостиг на електрична енергија на домашниот пазар, предизвикана со повремени испади на поголемите производствени капацитети и недостиг на енергенси за производство на електрична енергија и неможност испадот да се покрие со расположливата резерва во производство на електрична енергија.

Ќе се преземат мерки и активности, вклучувајќи и финансиска интервенција за да се обезбедат дополнителни количини на електрична енергија и се утврдувени правата и обврските на државните акционерски друштва Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и МЕПСО, како и на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности.
Постоењето на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија утврдена во оваа одлука ќе трае 30 дена од денот на влегувањето во сила на оваа одлука и со неа не се предвидени рестриктивни мерки.
Дополнително државата ќе им помогне и на ранливите социјални групи против енергетската сиромаштија.