ГРАД СКОПЈЕ : ВО ТЕК Е АПЛИЦИРАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА СТАРИ ЗАНАЕТИ И ЗАНАЕТЧИСКИ ДЕЈНОСТИ ВО ИЗУМИРАЊЕ ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ

0
488

Градот Скопје го објави јавниот повик за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје.
Со цел поттикнување на развојот на традиционалните занаети преку субвенционирањето на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање на територија на градот Скопје, преку Програмата на активностите од областа на локалниот економски развој на подрачјето на Град Скопје за 2023 година во Буџетот на Град Скопје предвидени се средства во висина од 1.000.000,00 денари.

Паричната субвенција изнесува 10.000 денари по апликант.
Право на учество на јавниот повик имаат: Занаетчии кои не добиле буџетски средства од проекти за субвенционирање од Град Скопје во тековната година; и Занаетчиите кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и обавуваат занаетчиски дејности во изумирање, кои согласно обработените податоци бележат намалување на активноста во континуитет, и тоа следните занаети: јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, венци, сита, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти и самарџија.

За потребни документи за пријавување, како и за субвенционирањето на трошоците повеќе детали се објавени во јавниот повик како и на линкот https://skopje.gov.mk/…/javen-povik-za-subvencii-za… , а информации може да се добијат и во Секторот за локален економски развој, на телефон (02) 3297-284 или на e-маил адресата [email protected] .