БОМБА НА КОВАЧЕВСКИ: ГО РАЗРЕШИВ ДИРЕКТОРОТ НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО, НОВ ДИРЕКТОР ЌЕ БИДЕ ПОЛИЦИСКИОТ ГЕНЕРАЛ ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ КОЈ ПОМИНАЛ МНОГУ ОБУКИ ВО САД И БРИТАНИЈА

0
580

Разрешувањето на Тахири доаѓа откако денеска, како што првично потврдија од Управата за извршување санкции, бил откриен ископан тунел во КПД „Идризово“. Ковачевски пак воопшто не го спомена случајот во „Идризово“, додека ја споделуваше информацијата за разрешувањето на Тахири  и именувањето на нов в.д. директор, ниту дали ваквата одлука е поврзана со овој случај

Одговарајќи на новинарско прашање за тунелот во затворот „Идризово“ и веродостојноста на информациите, Ковачевски не одговори директно и рече дека сите информации кои се однесуваат на оваа институција ги имаат службите кои се задолжени за безбедноста во државата.

Владата на денешната седница го разрешила сега веќе поранешниот директор на скопскиот затвор „Идризово“, Шпенд Тахири, соопшти премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција.

На место на Тахири, за нов в.д. директор на најголемиот затвор во државата е именуван генерал-мајор Зоран Јовановски, кој, како што соопшти Ковачевски има богата професионална кариера во Министерството за внатрешни работи.

„Денеска на седница на Влада донесовме одлука за именување на нов в.д. директор на на КПД `Идризово`.  Досегашниот директор беше разрешен од фунцијата, а за нов директор на мој предлог е именуван генерал-мајор магистар Зоран Јовановски кој има погата професионална кариера пред се во Министерството за внатрешни работи“, рече Ковачевски.