НДП: Извештајот на Freedom House потврдува уште еднаш дека земјата е далеку од избори

0
888

„Последниот извештај на Freedom House уште еднаш потврдува дека Македонија продожува да биде лош пример за слобода на медиумите и борбата против корупцијата. Национална Демократска Преродба потенцира дека овој извештај силно аргументира  конзистентниот став дека земјата е далеку од фер и демократски избори, и дека се бара голема посветеност за решавање на круциалните проблеми, вклучително и реформирмите во областа на слободата на медиумите.

Во последниот годишен извештај на Freedom House, слободата на медиумите ја става Макадонија во групата на хибридни земји со делумна слобода, со што го потврдува дека медиумите се соочуваат со огромни притисоци што резултира со огромен пад, во споредба со предходната година. Национална Демократска Преродба потенцира  дека притисоците и влијанието од страна на политичките партии врз медиумите треба веднаш да престанат, и да овозможат нивно реформирање со цел на слободно информирање без уцени и притисоци. Слободата на печатот се влошила за 10 поени во последните 10 години и ја рангира Македонија во 125 место од 199, како најлошо рангирана земја во регионот.

Истовремено, ако на овој извештај и го додадеме и изештајот на Transparent International, каде Македонија се рангира како една од земјите каде што корупцијата постојано расте, тогаш слободно може да констатираме дека не случајно земјата се соочува со оваа длабока невидена политичка криза од независноста на земјата се до денес.  Македонја продолжува да има големо влошување кога се работи за корупција, со големи последици за земјата и општеството во целост. НДП повторува дека овие аргументи треба силно да ја убеди меѓународната зедница, иако тие се убедени, дека земјата е далеку од фер и демократски избори, и дека целата концентрација треба да се намени за решавање на круциалните проблеми кои не дозволуваат никаков развој на земјта“, се вели во соопштението на НДП.