ГО ЦЕНАМ ТРУДОТ НА УМЕТНИЦИТЕ, АМА КОМИСИЈАТА ГО ИМА ПОСЛЕДНИОТ ЗБОР – КОВАЧЕВСКИ ЗАСТАНА ВО ОДБРАНА НА МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА

0
437

И јас го ценам трудот на сите уметници, но сепак одговорот е кај Комисијата која одлучува и кај второстепената Комисија која одлучува по жалбите и се надевам дека на крајот сите ќе бидат уверени во одлуките кои ги носела Комисијата за доделување на средствата за поддршка на културните настани и проекти за оваа година, порача премиерот.

Министерката за култура на многу транспарентен начин ги објави резултатите од конкурсот за финансирање проекти од јавен и национален интерес. Евалуацијата, рангирањето и селекција на проектите кои ќе бидат финансирани го прави стручна Комисија која е составено токму од луѓе од фелата. Секој кој не е задоволен има право на жалба, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот посочи дека го цени трудот на секој уметник, но одговорот е кај Комисијата која го носи одлуките.

– Знам дека секој ументик го цени својот труд. И јас го ценам трудот на сите уметници, но сепак одговорот е кај Комисијата која одлучува и кај второстепената Комисија која одлучува по жалбите и се надевам дека на крајот сите ќе бидат уверени во одлуките кои ги носела Комисијата за доделување на средствата за поддршка на културните настани и проекти за оваа година – рече Ковачевски на прес-конференција за време на отворањето на детската градинка „Сонце“ во Волково, во одговор на новинарско прашање.