ДИМИТРИЕВСКИ НА СРЕДБА СО РОМАНСКАТА АМБАСАДОРКА АКСИНТЕ : ИЗРАЗЕНА ЗАЕДНИЧКАТА ОПРЕДЕЛБА ЗА РАЗВИВАЊЕ НА НАТАМОШНА СОРАБОТКА ВО ПОВЕЌЕ ОПШТЕСТВЕНИ ОБЛАСТИ

0
354
Почитувани,
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска оствари
прва средба со амбасадорката на Република Романија во Република Северна
Македонија Адела Моника Аксинте, придружувана од почесниот конзул на
Романија со седиште во Куманово Алириза Османи.
„На денешната средба, со секретарот на Општината Александар Гелевски ја
изразивме заедничката определба за развивање на натамошна соработка во
повеќе општествени области и големиот потенцијал, кој го поседуваат
двете земји. Исто така, ги истакнавме реалните можности и очекувања за
натамошен развој на пријателските односи помеѓу Македонија и Романија,
како и заедничкиот интерес за размена на искуства во сите актуелни сфери
на дејствување, кои претставуваат механизми за создавање блиски релации
помеѓу двете држави“, рече Димитриевски.
Со почит,