(ВИДЕО) ПУКНА ВОСТАНИЧКАТА ПУШКА И ВО КУМАНОВО: Нема правда, нема мир!

0
1374

На мирниот протест пред Основниот суд кумановци го искажаа револтот од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичарите осомничени за криминални дејства поврзани со прислушуваните разговори.

Граѓаните бараат отповикување на одлуката и оставка на претседателот Иванов.

Со паролите „Нема правда, нема мир“ и „Не ве аболицираме“ кумановци покажаа дека се пример за мирен и демократски народ, и дека спонтано преку социјалните мрежи можат да се соберат во голем број.

Судот беше обезбедуван минимален број полициски службеници, а немаше ниту еден инцидент. На крајот демонстрантите најавија дека ќе се видат и утре во 19 часот, јави Кумановскимуабети.