Заев : ВМРО ДПМНЕ ја поскапи струјата за 100 посто, Мицковски се бори за својата кожа, чесно е да ѝ се дадат 100 дена на Владата, а не да се протестира по петтиот ден

0
784

Не ја гледам здравата логика да се протестира за покачување на струјата, кога таа и сега е поевтина во споредба со 2017 година како што ја затекнавме, оцени вечерва премиерот Зоран Заев во емисијата „Отворено студио“ на НТВ.

– Просечна сметка за струјата во 2006 година беше 822 денари, а во 2017 година 1.635 денари, односно покачена за 100 проценти, со воведувањето на евтината тарифа на струјата, сметката се намали на 1.309, односно падна за 326 денари заради евтината тарифа – појасни Заев.

Тој додаде дека и со сегашното покачување е 228 денари поевтина од 2017 година.

– Државата прогресира Мицкоски протестира, за што, да си ја задржи фотелјата, истакна Заев. Од друга страна чесно е да е се дадат 100 дена на владата, а не да се протестира по петтиот, шестиот ден – рече премиерот Заев во интервјуто за НТВ со уредници и новинари.