ЈУТЈУБ ВИ ЗАБРАНУВА ДА БЛОКИРАТЕ РЕКЛАМИ

0
467

Видео сервисот сака да ги принуди корисниците да плаќаат YouTube Premium претплата.

YouTube е свесен дека многу корисници користат екстензии за блокирање реклами како што се AdBlock или uBlock Origin, благодарение на што можат да спречат појавување на досадни реклами.

Исто така, тие се свесни дека адблокаторите се добар сојузник во борбата против плаќањето за претплати на Premium, па решија да спроведат експеримент во кој сакаат да ги принудат корисниците да плаќаат за YouTube Premium.

Еден корисник на Reddit (Sazk100) објави скриншот од специјална порака кога се обидуваше да репродуцира видео. YouTube ја спречува репродукцијата на видеото ако е вклучен блокаторот на реклами и нуди две опции: или може да престанете да користите adblock и да гледате многу реклами, или можете да го пробате YouTube Premium.

Излегува дека овој експеримент е ограничен на мал број луѓе и можно е оваа идеја да не заживее целосно.

Сепак, не би било чудно доколку овој експеримент се претвори во нешто трајно, нешто што ќе дојде до сите корисници. Во тој случај, многумина веројатно повеќе би се откажале од YouTube отколку да ја прифатат исплатата на Premium.

Извор : USB.MK