ГОРИ УШТЕ ЕДЕН КРАК КАЈ АЈАТОВЦИ, ПОДДРШКА ОД ВОЗДУХ НЕ Е ПОТРЕБНА

0
368

Пожарот над Ајватовци, општина Илинден сѐ уште е активен но рано утрово е ставен под контрола. Два од трите краци од пожарот се угаснати, а екипи на БППЗ Скопје со подршка на локалното население цела ноќ се на терен и го следат пожарот, информираше утрово директорот на Центарот на управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Пожарот над Ајватовци, општина Илинден сѐ уште е активен но рано утрово е ставен под контрола.

„Два од трите краци од пожарот се угаснати. Неизгаснат остана само еден релативно мал крак од пожарот кај Ајватовци. Од страна на БППЗ Скопје со подршка на локалното население пожарот ќе биде следен. Нема потреба од подршка со воздухоплови во раните утрински часови“, информираше утрово директорот на Центарот на управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Претходно градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски изјави дека пожарот ќе се следи во текот на ноќта.

„Попладне на територијата на Општина Илинден во атарот на месностите Ајватовци, Мршинци, Бучинци, Бујковци, како и на соседната општина Арачиново, избувна тежок пожар кој зафати над 100 хектари шума, претежно борова, а проценките се дека 20 до 30 ектари е изгорена. Имаше критични ситуации кога беше загрозен манастирот во Ајватовци и селото Ајватовци. Благодарение пред сѐ на граѓаните кои дојдоа, на пожарникарите, на ЦУК, ДЗС кои заедно со хеликоптерите помогнаа во гаснењето на овој пожар, колку-толку се локализираше“, изјави синоќа градоначалникот на Георгиевски.

Освен во Ајатовци, вчера избувнаа пожари и кај село Умово на територија на Општина Студеничани, и кај село Рашче во Општина Сарај, а изгаснат е пожарот во опшините Чешиново-Облешево и Пробиштип.