ВИСТИНАТА ЗА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА – СКОПЈЕ

0
527

Вистината за ЈП Комунална Хигиена – Скопје

Пишува Цветко Николовски – Член на Надзорниот одбор на – ЈП Комунална
Хигиена – Скопје

Последниве денови се крена голема прашина околу “Штрајкот“ на
вработените во комунална хигиена. Сметам дека е должност да кажам она
што го знам и да посочам дека во Македонија покрај сите негативности
постојат луге кои сакаат да се искорени криминалот, на луѓе на кои им е
дојдено до тоа ако ништо друго да се почне од некаде да се средува
државата која каква таква наша си е. Кога мислам наша не мислам на
националност, вера, пол или било кој групен белег на една индивидуа.

Моменталната директорка дојде на позицијата средината на 2022 година и
затекна ситуација која е просек, ако не и правило на секоја институција
во моментов, правилото да биде предмет на користење од страна на
интересните групи, пред се на партиско-мафијашките групи кои веќе со
децении се обидуваат а и успеваат да ни ја урнисаат татковината.

Малку да бидам по прецизен па ќе изнесам некој бројки, кој секој што
сака, може да ги провери, бидејки се од јавен интерес и се достапни на
јавноста а за жал никој не зборува.

Според финансискиот извештај од I – VI месец 2022 Комунална хигиена
направила загуба од 46.447.270,00 денари или 755.240 евра.
(фото бр.1, во прилог)

Во извештајот за периодот од 01.01.2022 до 30.09.2022 е направена вкупна
загуба од 36.043.476.00 денари. Ова покажува дека по доаѓањето на новата
директорка Косара Мазнева во првиот квартал направена е добивка од
10.403.794 денари.

Да бидеме до крај фер со бројките до крајот на годината направена е
загуба од 36.797.615,00 денари. За четвртиот квартал направена е загуба
од 754.139,00 денари. Но, вкупно во втората половина на 2022 година
односно во периодот во кој директорува г-га Косара Мазнева, направена е
добивка од 9.649.655 денари или 156.904,96 евра ДОБИВКА.
(фото бр.2, во прилог)

Кога ова ќе го споредиме со ЗАГУБАТА од 46.447.270,00 денари или 755.240
евра во првото полугодие и да не сакаме, ќе се покаже дека можело да се
работи како што требе, и дека не било дека нема пари. и не било дека
немало технички можности, и не било дека некој друг ни е крив и…

Во медиумите излезе дека луѓето кои попречуваат се “работници“ кои со
години оделе трета смена. Секој што оди трета смена знае дека две недели
по ред да треба да одат трета смена, ќе се откажат дури и за леб да
трпат. Но, овие биле екстра работници и успевале да работат вредно со
години. Како што јавуваат медиумите, некој од нив дури и работеле
истовремено и во странство што е феномен од светски размери. Исто така
излезе дека луѓето биле поврзани со структури на ДУИ кои се на власт во
Македонија скоро непрекинато 22 години.

И да не навлегувам во тоа како неколку десетици вработени од 1200 ( горе
доле) вработени во Комунална хигиена ги држат заложници цело Скопје,
истото можеше и се’ уште заканува опасност по човечките животи и
здравјето предизвикано од раширување на зарази.

Во исто време градоначалниците од Скопските општини и општините кои
гравитираат околу Градот, се обидоа да му помогнат на Градот со тоа што
пратија луѓе и механизација за да се справат со предизвикот. И тоа би
било супер и доблесно да се помогне што покажува дека или станува збор
за највисоко ниво на свесност или координирана акција за да се покаже
колку им е битен интересот на граѓаните. Само интересното е што од
финансиските извештаи и во овие комунални препријатија врие од партиско
роднински членови кои помагаат да се постигне финансискиот резултат кој
го имаше Комунална хигиена Скопје во првата половина од 2022 година,
односно работат со дебела загуба. Во исто време и во овие општини иако
подобрена ситуацијата не е идеална.

Две интересни групи ДУИ и ДПМНЕ, навидум спротивставени, го водеа
нападот врз две жени кои и покрај сите опструкции успеаа да им одолејат
на нападите. И тоа го постигнаа без да објавуваат бројки, статистики или
други факти туку само оние очигледните кои секој граѓанин без оглед на
колективниот белег, националност, пол, вера… веке подолго време го
гледа. Интересните групи веќе и не се ни обидуваат да направат
приказна, да ги прикријат активностите. Дури дрско и немилосрдно ги
цедат и последните атоми на државата, ги бркаат и шиканираат способните,
ги цедат фондовите, отворено се конфронтираат со интересот на народот,
кој пак од друга страна веке и не верува во борба и целосно пасивизиран
и не знаеш што да превземе

Да не настане забуна, не сметам дека на градоначалничката и на
директорката на Комунална хигиена треба да и се даде бланко поддршка. А
уште побитно, треба да се знае дека не сите во партиите се корумпирани и
криминалци. Има и такви кои стварно си ја сакаат државата и сакаат да
направат се да ја извадат државата од оваа летаргија и конечно да
почнеме да работиме за државата а не во државата ( државната
администрација).

И она што треба да го направиме е она што можеме да го направиме. Не
мора сите да бидеме политички активни, не мора сите да протестираме ниту
да се бориме. Сите можеме да бидеме совесни кога станува збор за
државата, сите мораме да бидеме добри колеги, родители, деца, комшии,
работници, работодавци со една фраза граѓанско општество. Но исто така
мораме да знаеме дека од нас зависи и дека не треба да очекуваме некој
друг да ни ја заврши работата. Сите да го дадеме максимумот. Мора да има
промени или ке не нема. Мора да се смени ова што 32 години не држи на
дното како камен околу вратот. И мора да дадеме поддршка на секој што
искрено се труди па макар и да има маани. Мора да си пружиме рака и да
ја завршиме работата.