ГОРАН СУГАРЕСКИ : ДЕНЕС ГИ ПОСЕТИВ ЖИТЕЛИТЕ НА МАРИОВО ВО МАНАСТИРОТ ,,СВЕТИ ИЛИЈА” КАЈ С.МЕЛНИК КАДЕ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА ОД ПАТОТ ЗА ВИТОЛИШТЕ СЕ СЛУЧИ ТОКМУ КОГА БЕВ МИНИСТЕР ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

0
685
Реконструкцијата на 9 км од патот за Витолиште, прва после изградбата на овој патен правец во далечната 1979 година, се случи во време кога го предводев Министерството за транспорт и врски.

Тоа беше главниот повод за денешната средба со жителите од Мариово, во прекрасниот амбиент на манастирот „Свети Илија“, во непосредна близина на с.Мелник.

Искажаните зборови на благодарност од жителите на мариовските села, но и тие кои живеат во Прилеп а потекнуваат од овој крај, се најголемото признание за еден политичар.

Се дружевме и разговаравме за приоритетните прашања кои се од значење за Мариово, но и за чекорите кои треба да се преземат за развој на туризмот.

Граѓаните знаат да ја направат разликата во нашата понуда и понудата на останатите учесници во изборната трка.

Граѓаните знаат дека #СДСМ и Коалицијата се најдоброто за општина Прилеп!

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Горан Сугарески.