Николовски за ТВ Стар: Мицкоски нема веќе да може да крши протоколи во кафани, инспекторите имаат овластување да го затворат субјектот

0
871

„Заштитата на јавното здравје е наш врвен приоритет. Во состојба кога драстично се зголемуваат бројките на заболени лица од коронавирусот, кога веќе е оптоварен здравствениот систем, кога медицинските работници се изморени, кога јавната свест кај целата опозиција и кај некои поединици отсуства, потребно беше да смениме нешто во делот на контролата за почитување на здравствените протоколи.

На сите им стане јасно, дека нема толеранција за прекршителите на протоколите. Со новите измени на Законот за заштита на здравјето на наслението од заразни болести, сите инспектори добиваат нови поголеми надлежности. До сега само Државниот здравствен и санитарен инспекторат имаше овластувања да изрекува мерки, а другите инспекциски служби само поднесуваа кривични пријави за непочитување на здравствените протоколи согласно Кривичниот законик.

Со новите законски измени вакво овластување за изрекување на забрана за работа и прекршочен платен налог добиваат и Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт и за другите инспекторати на централно и локално ниво.“- изјави вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски во интервјуто за телевизија Стар.

Тој потсети дека инспекторите ќе можат веднаш да изречат забрана за привремена работа на субјектот што не ги почитува здравствените протоколи во траење од 10 до 30 дена, како и одредени парични казни. „Повеќе нема да ни се случуваат случки како таа со Христијан Мицкоски кога беше фатен во ресторан како прекршува заштитни мерки.

Тоа беше одлика на неговата арогантност и неговата моќ, пример за неодговорност. Затоа ние ги намалуваме дискреционите права на функционерите, ја намалуваме нивната моќ, нивните службени трошоци, значи почнуваме од себе, но ќе направиме законот да се спроведе низ целата држава. Сакаме да покажеме ред и дисциплина, но и правен поредок.“- изјави Николовски.