Дерала: Знаеме за работилниците за изработување лажни лични карти

0
1049

Нашата земја сега се приближува кон избори во кои Избирачкиот список ќе провлече најголем дел од проблемите од претходните изборни циклуси, вели во интервју за Стандард.мк Џабир Дерала, претседател на невладината организација Цивил-Центар за слобода.

„Цивил“ уште на претходните изборни циклуси алармира за фантомски влезови и гласачи. Имате ли впечаток дека меѓународниот фактор не го сфати доволно сериозно ваквото предупредување, па мораше да се обелоденат „бомбите“ за да се потврди она што го говоревте? Зошто процесот на прочистување на Избирачкиот список не беше почнат порано?

– Ова прашање ни го поставуваат и граѓаните на низа средби низ целата земја. Веднаш по објавувањето на „бомбите“, ние излеговме со соопштение дека тие претставуваат само горчлива потврда на нашите наоди и извештаи. Што се однесува до меѓународниот фактор, ќе повторам, одговорноста е наша, тие може да веруваат или да не веруваат, но до нас е како ќе ги преточиме извештаите и препораките во реалност. Навистина, притисокот е ненормално голем, се соочуваме со несразмерна пресметка на центрите на политичка, финансиска и медиумска моќ со сопствениот народ, но не смееме да попуштиме. Фактите се факти и нивната вистинитост мораме да ја браниме до крај и по секоја цена. На крајот на краиштата, меѓународните организации и институции ни ја подарија довербата со самото тоа што ги поддржаа нашите проекти за набљудување и пред „бомбите“, значи, ни веруваа. Со „бомбите“ тој притисок само се зголеми, бидејќи тие обелоденија и разобличија постапки кои беа згрозувачки, но не ни беа непознати.

Како гледате на повикот од ВМРО-ДПМНЕ, па и лично од премиерот Никола Груевски да се расчисти аферата „лични карти“ и да не се одолговлекува истрагата?

-Како на фарса и неуспешен обид да се избегне одговорноста. Никако поинаку.

Имавте ли лично Вие и „Цивил“ информација за работилници за изработување на фалсификувани документи кои се користат за избори?
-Да. Не можам да споделам повеќе детали од тоа што веќе сме обелодениле во нашите извештаи и она што е познато во јавноста.

Министерот Спасовски спомна дека МВР открило докази дека се злоупотребува идентитетот на граѓани преку лажни лични карти. Како очекувате да заврши оваа афера?

-Со апсење.

Интервјуто на Џабир Дерала во целост прочитајте го ОВДЕ