ГИР : УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОДГОВОРНОСТ НА СЕКОЈ ПРАТЕНИК, ТИЕ ТРЕБА ДА ЈА ПОГЛЕДНАТ ГОЛЕМАТА СЛИКА И ДА ВИДАТ КОЈ Е НАЦИОНАЛНИОТ ИНТЕРЕС

0
485

-Уставните измени нема да бидат последното доставено барање до оваа земја. Ние ќе бараме од оваа земја на секој чекор да прави реформи. Важна работа е барањата да бидат засновани на реформи. Дали направивте реформи во владеењето на правото, во животната средина и во сите тие области. Таму треба да биде фокусот, а не билатерални барања да влегуваат во процесот, рече Гир.За тоа дали е можно уставните измени да се донесат до ноември, Гир рече дека прашањето како сега да се направи прогрес е големо.

-Прашањето дали земјата може да се обедини на програмата за ЕУ реформи, да се пресече политичкиот јаз, со цел да се напредува одлучно. Кога ќе ги погледнете другите земји како Хрватска или Словенија, сите оние земји што неодамна се зачленија, нивното искуство беше дека политичките групи се обединија иако беа многу поделени по многу области, по ова прашање работеа заедно за да постигнат заедничка цел – членство во ЕУ. Сметам дека истото треба да се примени и тука за уставните измени. Но тоа е само почетокот, бидејќи потоа секој чекор од патот мора да биде со заедничка посветеност да оди напред, вели Гир.Дали е оптимист дека измените во Уставот ќе се случат до ноември, Гир кажа дека уставните измени ќе бидат одговорност на секој индивидуален член на Собранието.

-Она што би им го кажал на нив, е дека тие ќе мора да решат самите за себе. Да ја погледнат големата слика, да погледнат кој е националниот интерес и да одлучат врз основа на тоа. Сметам дека доколку луѓето го погледнат ова големо прашања, имам оптимизам дека може да се придвижиме напред, нагласи Гир.На прашањето дали со впишувањето на уставните измени во преговарачката рамка ЕУ посредно влијаеше на продлабочување на политичката криза во земјава, вели дека тоа што се случи во јули минатата година беше пробив за државата.

– Имаше вето околу 18 месеци и компромис беше постигнат, како начин да се продолжи понатаму. Компромис, кој по мое мислење, не ги задоволи сите, бидејќи ниту еден компромис тоа не го направил, но сепак беше можност. Можност за земјава да се придвижи одлучно напред. Ја искористивте таа можност, го започнавте процесот на скрининг, почнавте преговори. Сметам дека тоа беше многу позитивен развој. Секако, разбирам дека за време на дебатата минатиот јули имаше многу емоции, имаше многу конфузија, дури и вџашеност: Што ова значи за нас? Дали ќе влијае на нашиот идентитет? Такви прашања.

Можеби требаше да комуницираме појасно за тоа што значи самиот Договор. Но, кога ги гледаме прашањата кои беа поставени тогаш, некои од срце, што беше искрено и навистина болно од обичните граѓани, некои, мислам повеќе на циничен начин, а некои и манипулативни. Да ги погледнеме тие прашања. Првите прашања кои стигнаа беа: Дали ќе го загубиме нашиот јазик?

Дали ќе се откажеме од нашиот јазик? Не, воопшто. Токму спротивното е случај. Преговарачката рамка го има јазикот, македонскиот јазик, без какви и да е квалификации во него. Тоа е основата на која преговорите ќе се унапредуваат. И откако го видовме договорот како што е договорот со ФРОНТЕКС и другите кои беа одобрени на македонски јазик во контекст на ЕУ, рече Гир.

Во однос на тоа дали историјата, идентитетот, дали овие прашања ќе бидат ставени под сомнеж, како резултат на овој договор, тој вели дека не се губи идентитетот на патот кон Европската Унија.

-Погледнете ги сите други земји кои станаа членки. И тие често и имаа вознемиреност по ова прашање, особено помалите земји. Што како случај се докажа дека е сосема спротивно од тоа. Тоа беше многу напорна и тешка дебата. Она што навистина беше поента е дека има многу подлабоко прашање тука, а тоа е генералното прашање за поларизација во самата земја, политичка поларизација, бидејќи пристапниот процес на ЕУ побарува политичките партии од двете страни на политичката линија на разделување да се обединат на политичката агенда на реформи. Сите тие, речиси сите се политички посветени на зачленувањето во ЕУ, но тоа треба да се преведе во договор преку јазот на поделби, за да се работи заедно за да се постигне таа цел, кажа евроамбасадорот.

Прашан чија е одговорноста што државава е предолго време во чекалницата на ЕУ, вели дека одговорност има на двете страни.

-Мислам дека има одговорност и на двете страни. Секако има одговорност и на страната на Европската унија. Беше потребно многу време, како што реков, предолго и тоа влијаеше на довербата. Но, има одговорност и на страната на последователните влади и властите, бидејќи срцето на пристапниот процес е имплементирање на реформи кои ќе направат можно земјава да стане членка на Европската унија на ниво, рамноправно, со земјите членки.

Одговорноста за имплементација на овие реформи беше кај последователните влади и некој треба да го постави прашање: Зошто не напредувавме повеќе? Да, земјата направи прогрес, и ние известивме за тоа во многу области, но сепак многу повеќе можеше да се очекува. Денеска не требаше да имаме екстензивни и тешки разговори за владеењето на правото, борбата против корупцијата, сите овие клучни прашања, кои се уште се големи прашања некои 30 години откако земјата е формирана. Значи, има одговорност и таму, на страната на властите да напредуваат, бидејќи на крајот тоа е клучот за зачленување во ЕУ, рече евроамбасадорот Дејви Гир