МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ НЕ ИСКЛУЧУВА МОЖНОСТ ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ И ВЕЛИ ДЕКА ,,ЧЛЕНСТВОТО ТРЕБА ДА СИ ГО КАЖЕ СВОЕТО”

0
764

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, кој доби втор мандат како независен кандидат на последните локални избори без поддршка од СДСМ, не исклучува кандидатура за лидер на матичната партија.

Откако актуелниот партиски лидер и премиер, Зоран Заев ќе ја официјализира оставката, треба да се распишат внатрепартиски избори, на кои ќе може да се кандидираат сите кои исполнуваат одредени услови, по пат на самокандидатура или по предлог на членството.

На прашањето на Фокус дали ќе се кандидира на внатрепартиските избори, Димитриевски вели „Членството треба да си го каже своето“, што може да се толкува дека тој би прифатил кандидатура ако добие поддршка од базата.

Инаку, за најголем фаворит за лидер на партијата се смета Димитар Ковачевски, член на Извршниот комитет на партијата, кој е сограѓанин на Димитриевски од Куманово.

Сепак, кумановскиот градоначалник вели дека не сака да коментира имиња што се споменуваат како можни наследници на Заев. Сепак, во едно телевизиско гостување Димитриевски порача дека новиот лидер на СДСМ не треба да биде марионета.

Вчера, градоначалникот на Шутооризари Курто Дудуш на Фејсбук објави фотографија преку која го идиректно го промовираше Димитриевски за нов лидер на СДСМ. Под фотографијата, Дудуш напиша: „Иден Претседател на СДСМ и мандатар“.