ТРАЈАН ДИМКОВСКИ : МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ШИРИ ЛАГИ ЗА ЦЕНАТА НА ПЧЕНИЦАТА

0
741

Овој куде нас се вика “видела жаба коњ се кове па и он дигнаја ногу”
Инаку за човекот кој прима поклони од дарежливите

1. Сите оние што имаат договори за закуп на земјоделско земјиште или концесија и договорите им се врзани со килограм пченица плаќаат закупнина во денари на основа договорена количина помножена по килограм пченица за тековна година. Она што те буни а не ти е јасно дека цената на пченица е за минатата 2022 година беше висока 17,81денар и закупнита треба да ја платат за минатата 2022 година, а за 2023 закупнина ќе се пресметува по овогодишната цена на пченица.

2. Субвениите не се делат кој колку е дарежлив туку кој колку има сработено и произведено, за првите 6 месеци во оваа година се исплатени субвенции во висина од 100 милиони евра на близу 80.000 земјоделци.

3. За вистината не се прашува туку се докажува оние кои најмногу произведуваат тие и најмногу добиваат. Секој земјоделец кој произведува земјоделски производ е реален земјоделец и добива субвенции на произведеното.

#НеСеМешајВоШтипки

Фејсбук статус на поранешниот министер за земјоделство, Трајан Димковски.