Протoгер и газдата на Канал 5, Емил Стојменов договараат саботажа на емисија на „Канал5“ со исклучување на струја

0
1758

sdsm 5

Еден од објавените разговори од седмата „бомба“ е и разговор меѓу Мартин Протoгер и сопственикот на „Канал5“, Емил Стоименов, на кој според СДСМ, се слуша како се договара саботажа на емисија која одела на „Канал 5“. Поточно, Стоименов го известува Протогер дека емисијата веќе била најавена и ќе одела, но тој ќе нашол начин како да ја саботира.

-Што ќе правиме со емисијата, веќе најавата е пуштена?, Стоименов го прашува Протoгер. Тој, пак, му вели „Може да ја пуштите со лош тон, со пречки, нека оди, ама кога гледачите ќе видат дека има лош тон, ќе ја сменат програмата, го советува Протогер, сопственикот на „Канал 5“. Тој, пак, му враќа дека може и струјата ќе ја исклучи, па така ќе го спречат емитувањето на емисијата.