ГЕРМАНИЈА ПЛАНИРА ДА ВОВЕДЕ ЗАБРАНА ЗА ПУШЕЊЕ ВО АВТОМОБИЛИ СО ДЕЦА

0
610

Во Германија повеќе нема да биде дозволено пушење во автомобил доколку во автомобилот има деца или бремени жени, јави ДПА, повикувајќи се на германското Министерство за здравство.

Забраната, за која федералните провинции долго време се залагаат, е утврдена во нацрт-законот за измена на Законот за заштита на непушачите.