ОСМАНИ ДО ШАЛЕНБЕРГ : ЗАБРЗУВАЊЕТО НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА ЌЕ ГО ВРАТИ КРЕДИБИЛИТЕТОТ НА ПРОЦЕСОТ НА ПРОШИРУВАЊЕТО НА УНИЈАТА

0
486

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на маргините на првата Конференција за климатски промени што се одржува денеска во Виена оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг.

Австрија дава силна поддршката и има директен и конструктивен ангажман во справувањето со предизвиците и приоритетите на Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, при што Османи побарал помош од Австрија и за справување со итните прашања важни за функционирањето на Организацијата.