ЗА ДА СЕ ЗАПРЕ БРАНОТ ПОСКАПУВАЊА, ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА: ЦЕНИТЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ЌЕ БИДАТ ЗАМРЗНАТИ ДО КРАЈОТ НА ЈАНУАРИ

0
753

Владата на денешната 124-та редовна седница донесе одлука за ограничување на највисоките цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало.

Цените ќе бидат замрзнати на ниво од први декември 2021 а одлуката ќе важи до 31-ви јануари 2022.
“Со оваа одлука се определуваат највисоки цени во трговијата на големо и трговијата на мало на основните прехранбени производи: леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо и сувомесни производи и сирење и урда. Највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало. Одлуката ќе се применува до 31 јануари 2022 година, со можност за продолжување доколку состојбата на пазарот и понатаму го бара тоа” – соопштија од Владата.