ГЕРМАНИЈА ИЗБРКА ДВАЈЦА ИРАНСКИ ДИПЛОМАТИ ПОРАДИ ИЗРЕЧЕНА СМРТНА КАЗНА ЗА НИВЕН ДРЖАВЈАНИН

0
523

Германското Министерство за надворешни работи денеска прогласи двајца ирански дипломати во Германија за непожелни лица и ги протера, што е реакција на вчерашната смртна пресуда за германско-ирански државјанин во Иран.„Поради вчерашната смртна пресуда за Џамшид Шармахд, поканив претставник на иранската амбасада да разговара со нив, кој беше информиран дека Сојузна Република Германија нема да трпи масовно кршење на човековите права врз германски граѓани“, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.

Во исто време, двајца ирански дипломати беа прогласени за непожелни лица, со инструкции што поскоро да ја напуштат Германија. Баербок ги повика иранските власти да ја преиспитаат смртната казна изречена на Шармахд и да му дозволат фер преиспитување на судењето.