Филипче: Се намалува преносливоста на вирусот, но и понатаму притисокот врз болниците е голем

0
629

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите објасни зошто засега не е потребно воведување на полициски час, но од друга страна ја потенцираше важноста за почитување на мерките поради сериозниот притисок на здравствениот систем и брзото исполнување на болничките капацитети, како и недостаток на медицински кадар.

Анализите покажуваат дека е намалена преносливоста на вирусот. R0 (ер нула) факторот на преносливост е намален од 1,5 на близу 1, тоа значи дека еден човек при непосреден контакт зарзаувал, 1,5 човек, сега анализите покажуваат дека заразува помалку од 1. Министерот изјави дека мерките даваат разултати, но предупреди дека вирусот е непредвидлив и во даден момент може да се влоши клиничката состојба на пациент па да треба голем број пациенти да се хоспитализираат. Тоа значи огромен притисок врз здравствениот систем.

– Се повеќе одделенија се пренаменуваат да третираат пациенти со ковид. Многу веројатно е дека за многу кратко време, тоа може да доведе до намалување на обемот на нормалната работа на одделенијата, редуцирање на термините преку системот Мој термин како за прегледи така и за интервенции, дијагностички или оперативни. Сите се посветени на оваа работа координаторите на интерните клиники, Инфективната клиника, во болниците сите одделенија практично и целокупниот кадар е посветен, и по систем на ротација спремен да помогне во третман на ковид пациентите , но тоа оди се потешко – изјави министерот.

За разлика од пролетта и летото, во овој период од годината вирусот има силна локална трансмисија, објасни Филипче, а мерките кои се на сила иако ги даваат првичните резултати сепак не може да се зборува за целосно елеминиран ризик во делот со хоспитализацијата и брзото пополнување на болничките капацитети како и недостаток од медицински кадар. Министерот изјави дека секојдневно се следат и се анализираат состојбите на терен, а доколку има простор и потреба Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство, ќе препорача и дополнителни рестриктивни мерки. Следна мерка би можела да е полициски час.

Со почит,

Одделение за односи со јавноста

Министерство за здравство