DIABLO 4 ЌЕ ИМА ОТВОРЕНА БЕТА ОД 24 ДО 26 МАРТ

0
412

Diablo 4 ќе има отворена бета на која ќе може да се приклучи секој бесплатно. Бета евентот ќе трае од 24 до26 март, при што ќе биде отворен првиот чин од играта и ќе може да се креваат нивоа до дваесет и петтото.

Сите што ќе стигнат до дваесеттото ниво ќе добијат специјални козметчки предмети, меѓу кои и мал волк што се носи во торба на грбот. Ако ја купите играта пред да биде официјално објавена, ќе можете да ја играте од 17 до 19 март и вашиот напредок ќе се пренесе и во отворената бета. Но за жал сè што ќе постигнете за време на овие настани ќе биде целосно избришано затоа што потоа ќе се балансира играта.