ГЕРИЛА АКЦИЈА НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА ГРАД СКОПЈЕ : ДАНЕЛА АРСОВСКА ДЕНЕС ВЛЕТА НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА РАЗРЕШЕНИОТ ДИРЕКТОР НА „ВОДОВОД“ И СЕ НАПРАВИЈА ПОПАРА ЗА МИЛИОНСКИОТ ТЕНДЕР ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА

0
2303

Градоначалничката Данела Арсовска и разрешениот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински денеска на прес-конференција што ја закажа тој, се искараа за тендерот за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Вардар од 136 милиони евра.

Откако утрово Арсовска го разреши Перински со образложение дека имало сомнежи за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на милионскиот трендер, досегашниот директор закажа прес-конференција во холот на претпријатието. Арсовска ненајавена се појави пред „Водовод“ велејќи дека дошла да види во кое својство Перински држи прес во службените простории кога веќе не е директор. Перински ја покани градоначалничката да присуствува на прес-конференцијата, на која ги отфли како паушални и неосновани сите нејзини обвинувања.

„Кон крајот на јуни добив допис од Град Скоје да се смени Комисијата која ја прави евалуацијата за изградба на пречистителната станица, Комисија за супервизијата и третото барање да ја сменам и Комисија за жалби. За сето ова да се направи ние имаме обврска да се обратиме до Европската инвестициона банка која е инвеститор на проектот. Од банката добив мислење дека не е добро во оваа фаза кога евалуацијата е во тек да се менуваат членови на комисиите затоа што тоа ќе значи одлагање на проектот и државата ќе плаќа камата за некористење на кредитот. И тие одговори ги доставивме до Арсовска со мислењата од Европската банка и консултантите. Се до петокот немавме никакво известување од Арсовска иако членовите од Комисиите беа повикани денес да се пристапи кон отворање на финансиските понуди. Отворање на понудите ние не закажавме туку Европската банка и консултатнтите. Вие не можете да си играте со европски банки. Оваа работа е почната многу пред мене и проектот е од голем интерес за граѓаните на Скопје. Да не си играме со вакви паушални обвинувања затоа што сето ова може да го загрози проектот за кој државата има добиено грант од 70 милиони евра“, рече Перински.