ВО СТРУМИЦА НА ТРИБИНА НА СДСМ СЕ ПОЈАВИЈА СВЕШТЕНИ ЛИЦА : СДСМ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ИДНИНАТАИ ПОКРАЈ СКЕПТИЦИЗМОТ, НЕМАМЕ ДРУГА ОПЦИЈА

0
707

Ќе ги промениме работите во правосудството, колку и да изгледа тоа неверојатно. Ќе притискаме да го одблокираме патот кон Европа и покрај евтиниот популизам и непромисленоста од лажните националисти. И ќе продолжиме да се бориме за подобро утре и да ја завршиме работата, затоа што тоа им го должиме на нашите деца. Грижата за работниците, за пензионерите, за ранливите, за самохраните родители, за младите и поддршката на семејните буџети е константа во работењето на СДСМ.

Меѓу првите одлуки на оваа Влада беше системското решение за раст на минималната плата. Затоа што СДСМ го цени и го вреднува трудот на работникот. Ние не сме како ВМРО-ДПМНЕ кои работниците и народот го гледа како евтина работна рака. Ние знаеме дека трудот на секој работник мора да се цени, да се почитува и да биде соодветно платен.📍Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска заедно со пратеничките Даниела Колева и Љубица Спасова и претседателот на советот на општина Струмица Марјан Даскаловски бевме меѓу граѓаните на УЗ I-Б