ЈАКИМОВСКИ СО НЕКОЛКУ ПРАШАЊА КОН ПЕНДАРОВСКИ : ЗНАЕ ЛИ ДЕКА ГРАНИТ 70. ГРАДЕЖНА КОМПНАНИЈА ВО СВЕТОТ?! ЗОШТО НЕ СЕ АНГАЖИРААТ МАКЕДОНСКИ ФИРМИ?

0
535

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во денешната епизода на Тешки муабети, постави неколку прашања до Владата и претседателот Стево Пендаровски.

-Да го прашам Пендаровски дали знае дека ГРАНИТ, беше 70. компанија во свет градежна, ГРАНИТ го правеше автопатот ос Србија до, од Романија до Киев 460 километри, низ Албанија сите автопатишта ги направи ГРАНИТ, во Бугарија сите пари од Европска банка ги зема гранит, Казахстан, Ирак… Значи за пред 15-20 години зборувам, не за времето на Тито.

Значи скршија Закон, Устав, зошто со Закон не му дадоа да работи ГРАНИТ? Ќе имаше профит, ќе имаше работници, е сега овие ќе им ги соберат најдобрите инженери и работници на нашите компании. Бетон го затворија, сега и ГРАНИТ.

Дали знае во следните 7 години што има инвестиции колку ги работат странски компании? 90%. И сега ќе носат работници од Бангладеш.

Дали знае каков ефект ќе има врз македонскиот БДП тоа? Платите тие ќе си ги носат во Бангладеш.

Се дадовме на странците, ГРАНИТ нека се слика, оваа фирма е само пример. И не е само оваа Влада, и претходните исто правеа, зошто? За да се плати некој друг, надвор од Македонија? – вели Јакимовски.