БОГОЕВ ЗА “ФОКУС” : ИМА ФУНКЦИОНЕРИ ОД ВМРО-ДПМНЕ КОИ ПРАЌААТ ПОЗИТИВНИ СИГНАЛИ ЗА УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ

0
396
Во интервју за неделникот „Фокус“ потпретседателот Стефан Богоев одговара на голем број актуелни политичко-општествени прашања.
Потпретседателот Богоев потенцира дека СДСМ е предводник на Европскиот блок, која ќе ја осигура европската иднина на државата и додава дека сите стратешки одлуки за иднината на земјата се дел од државничките политики на партијата.
-Во ова раководство, прв пат идејата за европски фронт и блок ја пласираше Димитар Ковачевски пред шест месеци на трибините на СДСМ кои ги правевме есента и зимото. Ние сме единствената политичка партија од земјата којашто била дел од сите чекори во минатото и сега коишто ја доведоа државата до Европската унија. Ние 11 години имавме комплетно изолираната држава. Добивањето кандидатски статус во 2005 година е по заслуга на СДСМ, членството во НАТО и почнувањето преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик се по заслуга на СДСМ. Тие се стратешки работи кои се суштината на таков европски блок. Ние дури и создадовме позитивна клима за решавање на црковното прашање, порача Богоев.
Осврнувајќи се на процесот за продолжиување на европскиот пат и соодветната процедура во Собранието, Богоев вели дека иако Христијан Мицкоски силно се противи на уставните измени, сепак дел од функционерите и раководството на ВМРО-ДПМНЕ испраќаат сигнали на поддршка за овој процес.
-Нашите пратеници комуницираат со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Меѓутоа, добар дел од нив и од раководството на партијата, вклучително и еден скопски градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ испраќаат позитивни пораки на различни средби и на средби со дипломати. Испраќаат позитивни пораки и на места, настани и во разговори со луѓе за кои претпоставувам дека знаат дека ќе стигнат до нас. Тоа се охрабрувачки информации каде што тие се свесни дека ова е нешто што треба да го направиме за да го продолжиме европскиот пат. Очекувам во одреден момент тие луѓе да истапат и јавно и да дадат поддршка, посочи Богоев.
Потпретседателот Богоев за „Фокус“ истакнува дека прашањето за временско одржување на изборите наредната 2024 година е затворено согласно Закон, прво ќе бидат претседателските а потоа и редовните парламентарни избори.