Слободен печат: Специјално судско одделение ќе стане нов услов за изборите?

0
1026

Формирање специјално судско одделение во рамки на скопскиот Кривичен суд, кое ќе постапува по предметите на Специјалното судско обвинителство. Ова е прашањето кое, заедно со прочистувањето на Избирачкиот список и реформите во медиумите, ќе се разгледува во преговорите меѓу партиите до изборите, кои би можеле да се одржат во ноември, брифираат партиски извори, пишува „Слободен печат“.

Владејачката ДУИ, веќе се изјасни дека би поддржала формирање на вакво специјално одделение во Кривичниот суд. Портпаролот на партијата, Бујар Османи, во изјава за Алсат-М, за прв пат вели дека неговата партија во основа нема ништо против такво решение. ДУИ има резерви само за начинот на кој тоа прашање треба да се отвори.

– Ова е сериозна тема, која не може да биде прашање на медиумски разговори или по кругови. Ако има таква волја, тоа треба да помине институционално, првин преку разговори на релевантните партии потписнички на Пржинскиот договор. Ако во тие преговори се отвори таа иницијатива, ДУИ принципиелно е за формирање на канцеларија или посебен оддел, кој ќе се занимава со случаите на СЈО – вели Османи.

Целиот текст може да го прочитате ОВДЕ