КОВАЧЕВСКИ : ЗА ПРВ ПАТ ПРЕКУ ИНКЛУЗИВНА ДЕБАТА ДО НАМАЛУВАЊЕ НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА И ПОПРАВИЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ

0
478

Претседателот на Владата на Репблика Северна Македонија Димитар Ковачевски во вечерашното интервју во „Тема на денот“ на телевизијата Сител, порача дека основната цел на предлог концептот за даночни реформи е зголемување на даночната основа, намалување на сивата економија и поправилно оданочување на граѓаните. Притоа, премиерот Ковачевски посочи дека предлог концептот е подготвен врз основа на инпути од страна на експерти од даночната и финансиската сфера, и беше транспарентно презентиран пред јавноста.

„Ние отпочнавме еден исклучително важен, значаен и инклузивен за прв пат во државата, процес на даночни реформи. Беше изработен предлог концепт кој што е усогласен со Стратегијата за даночни реформи на Министерството за финансии и на Владата. Основната цел на тој предлог концепт, зборувам предлог концепт, бидејќи таму нема даночни стапки и нема предлози за конкретно зголемување на даноци или намалување на даноци, туку основно е зголемување на даночната основа, намалување на сивата економија и поправилно оданочување односно граѓаните да бидат изедначени“, рече премиерот Ковачевски.

Во интервјуто, премиерот Ковачевски посочи дека на државата и се потребни даночни реформи, додавајќи дека процентот на учество на даноците во бруто-домашниот производ споредено со земјите во регионот и во Европската Унија е значително помал.

„Јасно се гледа дека кај нас даночното зафаќање е најмало во регионот. Ако земеме дека учеството на даноците кај нас во БДП е 16%, кај земјите од Организација за економска соработка и развој е 33%. Ако зборуваме за споредби на даноците заедно со придонесите како учество во БДП, Северна Македонија споредена со земјите од Европската Унија има 12% помало зафаќање. Овие реформи на нас ни се потребни, затоа што и без тоа ние имаме закони кои што на 1 јануари 2023 година, тоа министерот за финансии многу јасно го кажа, дека имаме враќање во сила на одложеното важење на прогресивниот данок“, изјави премиерот Ковачевски.

Притоа премиерот Ковачевски посочи дека е добро што има број на импути коишто ги има Министерството за финансии и врз основа на нив министерството ќе изработи ревидиран предлог концепт кој што ќе треба да го погледнат и политичките партии.

„Тоа ќе биде организирано од страна на министерството за финансии за на крајот да имаме еден концепт кој што ќе биде не реформа во една година, туку ќе биде во еден сет на реформи и на даночни некаде можеби намалувања, некаде можеби зголемувања. Пред сè тука мислам на основицата и на опфатот, во на пример три до четири години коишто ќе бидат имплементирани за да може секој да се прилагоди. Дополнително, ние сме дале ветување на стопанските комори дека секоја даночна реформа која што ќе биде предложена ќе има период прво на јавна дискусија и период на адаптирање на компаниите со цел нивна адаптација“, рече премиерот Ковачевски.