ГАРЛАНД : УАПСЕН Е ЏЕК ТЕШЕИРА ВО ВРСКА СО „ИСТРАГАТА ЗА ИСПРАЌАЊЕ ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА НАЦИОНАЛНАТА ОДБРАНА“

0
408

ФБИ вчера го уапси гардистот од военото воздухопловство на САД, Џек Тешеира (21) поради кражба на американски доверливи информации, јавија светските агенции.

Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд рече дека ФБИ го успасило Тешеира во врска со „истрагата за неовластено одземање, задржување и испраќање на доверливи информации за националната одбрана“.

Тој додаде дека Тешеира ќе остане во притвор, а потоа ќе биде изведен пред федералниот суд во Бостон. ФБИ соопшти дека неговите агенти го уапсиле и дека ја продолжуваат истрагата во неговиот дом во Норт Дајтон, Масачусетс.