НЕМА КРАЈ НА ГЛУПОСТИТЕ НА ДИМЕ СПАСОВ: Откако избегал пред очите на полицајците, го пратил својот шофер назад кој ги лажел полицајците дека тој го возел џипот?!?!

0
1311

Синоќа, откако Диме Спасов направил сообраќајка по што и избегал на полицијата, на местото каде се случила сообраќајката дошло друго лице кое се претставило како Марио Тавиќ и на полицајците им рекол дека тој го возел возилото со кое биле удрени другите возила во скопско Тафталиџе, дознава Либертас од извори во полицијата.

Полицајците, кои биле очевидци како Спасов бега од местото кадешто ја направил сообраќајката, го прашале дали знае дека давањето лажен исказ е кривично дело, на што тој одговорил потврдно и инсистирал дека тој возел, а не Спасов.

По ова го однеле во полициска станица за да му земат изјава. Сепак, тој иако инсистирал дека возел, не знаел да каже што точно се случило, и како дошло до сообраќајката.

Инаку, Спасов во моментов е на распит во полиција.