ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА Е ЦРВЕНА ЛИНИЈА ЗА ДУИ, ВРАЌАЊЕ НАЗАД НЕМА, ПОРАЧА АХМЕТИ

0
701

Договорот за добрососедство со Бугарија треба да се почитува и да се спроведува, исто како и Охридскиот и Преспанскиот договор. Ова е црвената линија на ДУИ, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети на новинарско прашање во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум, за укинување на Договорот со Бугарија.

Според Ахмети, од овие договори зависи иднината на земјава.

-Ние имаме црвени линии. Да се почитуваат постигнатите договори, договори кои и обезбедија на земјава членство во НАТО, договори кои и обезбедија на земјава отворање на преговори за членство во ЕУ и враќање назад нема, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.