ГАЗДАТА НА ШКЕНДИЈА, НАЈБОГАТИОТ АЛБАНЕЦ ВО ЗЕМЈАВА ГО ОДВРЗА ЌЕСЕТО: ДОНАЦИЈА НА „ЕКОЛОГ ИНТЕРНАЦИОНАЛ“ ОД 100 ТАБЛЕТИ ЗА ПОЛЕСНО СЛЕДЕЊЕ НА НАСТАВАТА ЗА УЧЕНИЦИ ОД МАТЕРИЈАЛНО НЕОБЕЗБЕДЕНИ СЕМЕЈСТВА

0
1172

Град Скопје доби донација од компанијата „Еколог Интернационал“ од 100 таблет– компјутери наменети за учениците од основните училишта кои потекнуваат од материјално необезбедени семејства.

Градоначалникот Шилегов се заблагодари на компанијата Еколог за донацијата, потенцирајќи дека истата ќе придонесе во полесно справувањето со предизвиците кои ги наметна онлајн наставата, како една од мерките за справување со пандемијата на корона вирусот Ковид-19.

– Како единици на локалната самоуправа се трудиме да овозможиме услови за изведување на онлајн настава во домашни услови и за учениците од основните училишта кои потекнуваат од материјално необезбедени семејства. За таа цел Еколог, како општествено одговорна компанија, на Град Скопје му донираше 100 таблет уреди, преку кои може да се следи онлајн настава, опремени со СИМ картички. Овие таблет уреди ќе бидат распоредени во сите 10 скопски општини исклучиво за учениците кои не можат да си дозволат од финансиски причини да набават било каков електронски уред преку кој би можеле да ја следат онлајн наставата – кажа Шилегов.