ГОЛЕМ УСПЕХ НА ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА: Станаа членка на најголемата светска конзервативна групација

0
1393

После долготрајна и напорна работа и силно лобирање на младиот тим на патриоти во барањето на стратешки сојузник на Македонија, кој ќе го обезбеди нејзиниот Унитарен карактер и македонски идентитет, успеавме да станеме дел од најсилната политичка групација во светот која е на пат да ја смени Европа, да го урне мултикултуризмот и да ја врати Европа на своите традиоционални вредности.

Европа ДА, но не како што е сега поставена на обезличување на нациите, Европа на поделби и моќни центри!

Европа на Национални држави!

Најголема светска Конзервативна коалиција!

3-та најголема групација во Европскиот Парламент.

Промоција на конзерватизам, државен суверенитет, идентитет и интегритет!

Во оваа групација членуваат повеќе од 20 Европски политички партии како и Републиканската Партија предводена од Доналд Трамп, Партијата за Правда и Просперитет од Турција предводена од Ердоган, Ликуд Партија од Израел предводена од Бењамин Натањаху, Конзервативците од Велика Британија предводени од Тереза Меј, Либералната Партија на Австралија предводена од моменталниот премиер Малколм Турнбил и многу други.

Think Tank – New Direction, основан од железната лејди Маргарет Тачер!

Ве повикуваме, сите патриоти и вистински визионери да ни се приклучите во борбата, ACRE да добие силен политички субјект и во нашата Македонија.

Борбата за Македонија се добива на маса каде за сојузници ги имаш најголемите!!!

Нека е за многу години!