ВРАБОТЕН ВО МАКЕДОНИЈА ПАТ ПРИЛЕП ПРИЈАВИЛ ДЕКА БИЛЕ УКРАДЕНИ 76 СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ

0
349

Вработени во Македонија пат – Прилеп вчера пријавил дека во период од неколку месеци биле украдени 76 сообраќајни знаци од неколку регионални патишта.
-Вработен во Македонија Пат – Прилеп, пријавил дека во временскиот период од 20.06.2023 до 06.11.2023 година на регионалните патишта Р-1303 делница Прилеп-Македонски Брод од 3-ти до 30-ти километар, на Р-1306 делница Прилеп-Крушево од 6-ти до 31-ви километар, на А-3 делница Прилеп-Тополчани од 97-ми до 117-ти километар, на А-1К1 делница Прилеп-Фариш од 25-ти до 50-ти километар, непознат сторител одзел 76 сообраќајно-патни знаци, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.