БОМБА НА ,,НАРОДЕН ГЛАС ” – МАКЕДОНЦИТЕ КОИ ДЕНЕС ЧЕКАА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ЕВЗОНИ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА СЕ ОФИЦИЈАЛНО ПУШТЕНИ НА ГРЧКА ТЕРИТОРИЈА

0
836

Сите кои денес тргнаа на патување во соседна Грција, од утрово беа заглавени на граница. Иако беше најавено дека граничниот премин „Евзони“ ќе биде отворен, сепак грчката полиција не ги пропушта возилата и граѓаните.

Колона од десетици возила беа пред границата, но и во меѓузоната. Од Министерството за внатрешни работи велат дека тие се должни да ги пропуштат возилата кон Грција, бидејќи добиле известување од македонското Министерство за надворешни работи.

Според извор од МВР дознаваме дека рампите на грчкиот премин ,,Евзони” се дигнати и дека колоната на возила кои утрово чекаа пред граничниот премин е пуштена на грчка територија.