ВО ТЕТОВО ПОВРЕДЕНА УЧЕНИЧКА ДОДЕКА ПОМИНУВАЛА УЛИЦА

0
384

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Денескa во 13 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Видоја Смилевски-Бато“, во близина на тетовско основно училишта, патничко моторно возило „фолксфаген голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната А.А. од Скопје удрило во малолетен пешак.

„ВО НЕСРЕЌАТА, МАЛОЛЕТНИЧКАТА СЕ ЗДОБИЛА СО ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ КОНСТАТИРАНИ ВО ТЕТОВСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА. НА МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА УВИД ИЗВРШИЛА ЕКИПА ОД СВР ТЕТОВО“, ИЗЈАВИ ПОРТПАРОЛОТ НА СВР ТЕТОВО МАРЈАН ЈОСИФОСКИ.

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Булеварот „Видоја Смилевски-Бато“ или во Тетово познат како Индустриска е една од сообраќајниците каде најчесто страдаат пешаците. Се вози брзо, а од едната и другата страна на улицата има деловни објекти, но и домови, па така често граѓаните за разни потреби преминуваат улица, при што страдаат, дел од нив со повреди, а некои и фатално.Пред неколку години жители од овој дел на градот протестираа барајќи да се постават пречки на улицата или таканаречни „легнати полицајци“ со цел намалување на брзината на движење на возилата. Пречки на патот има ставено долж едно основно училиште каде подолг период функционира и семафор.