ВЕНКО МУ ОТИДЕ НА ГОСТИ НА ПОПОТ КОЈ ОРГАНИЗИРАШЕ ЛИТИИ И МАСОВНИ ВЕРСКИ ЖУРКИ ЗА ВЕЛИГДЕН ЗА ДА ГО ЗАМОЛИ ДА СЕ ПРИБЕРЕ МАЛЦЕ ЗА БОЖИЌ

0
1075

Денеска го посетив манастирот Св.Јован Бигорски и се сретнав со Епископ Партениј, Игумен Бигорски.

На неформалната средба зборувавме и за престојните празници и важноста дека истите треба да се слават под заштитни мерки и со почитување на здравствените протоколи – задолжително носење маска, хигиена на раце и одржување дистанца.

Фејсбук пост на министерот за здравство, Венко Филипче.

Инаку за минатиот велигден, токму Бигорски Манастир и манастирот Рајчица организираа литија во Струга а потоа и голема верска полноќна журка во манастирот при што се пееше и играше цела ноќ, манастирот имаше над 100 присутни, потоа од Бигорски се вадеа дека тоа не биле гости во манастирот туку тоа биле сите монаси и искушеници на куп, што е смешно објаснување за тој неодговорен однос во сред пандемија на корона.