РЕАКЦИЈА НА МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Ова со тендерите и грантовите е срам за СДСМ, мораме веднаш да реагираме!

0
2303

Ниту јас, ниту премиерот Заев, ниту сопартијците, симпатизерите и сограѓаните, уривавме режим, криминал, беззаконие, корупција, за да на сите нас ни се случува “deja vu”.
Доколку и 1 промил од овие тешки обвинувања за тендерите, грантовите… е точен, мораме да се свртиме кон нас самите, и јавно да ги осудиме и корегираме овие девијантни однесувања!
#ЖивотЗаСите нема да дозволиме да биде живот за некого или живот за мене бидејќи така многу лесно ќе преминеме на “темната страна”.
Политиката е како атлетика, штафета 4х100. Само еден од тимот да е послаб или немотивиран, целиот тим губи.
Јас не сакам ниту ќе дозволам да губи мојот тим – ГРАЃАНИТЕ на Македонија!

Фејсбук статус на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски