СДСМ: Груевски ќе ја види анкетата на 24-ти април, збогум Никола!

0
1224

„Неуспешни се новите манипулации на медиумските курири на Никола Груевски.

Граѓаните знаат како се живее во Македонија, го гледаат тоа секој ден во нивните празни парчичници, празни џебови и фрижидери.

Реалните податоци покажуваат дека од промашените политики на Никола Груевски 626.312 граѓани ја напуштиле Македонија поради невработеност и лоши услови за живот. Секое семејство во Македонија има близок роднина којшто е надвор од државата.

Реалните податоци покажуваат дека 1.000 рударски семејства останаа без егзистенција. Се зголемува невработеноста.

Додека граѓаните осиромашуваа во изминатите 10 години Никола Груевски мислеше само на провизиите, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари…

Не поминуваат повеќе манипулациите. Македонија е за промени. Груевски ќе ја види анкетата на 24-ти април“, се вели во соопштението на СДСМ.